БРАТОТ НА ПРИНЦЕЗАТА ДАЈАНА ЗАСТАНА ПРЕД ОЛТАР ПО ЧЕТВРТИ ПАТ Новата партнерка на Чарлс Спенсер е Норвежанката Кет Џарман

Чарлс Спенсер ѝ го кажа своето судбоносно „Да“ на својата нова партнерка, археологот Кет Џарман, на приватна церемонија во Аризона.

114

Чарлс Спенсер, 61-годишниот брат на покојната принцеза Дајана, се ожени по четврти пат.

Неговата нова сопруга е 43-годишната Кет Џарман, археолог и водител на подкаст, со која е во врска од есента 2024 година. Двојката се запознала откако Спенсер напишал рецензија за нејзината книга за Викинзите. Набрзо, започнале разговори кои прво се развиле во пријателство, а потоа и во романтична врска.






– Неверојатно сме среќни што нашиот однос, од деловнасоработка и пријателство се разви во длабока љубов и поврзаност – изјавил парот за списанието People.

– Секоја фаза од нашата врска е исполнета со смеа, а двајцата споделуваме голема страст за животот.

Чарлс Спенсер претходно беше во брак со Викторија Локвуд од 1989 до 1997 година и со Каролин Фројд од 2001 до 2007 година.

Неговиот трет брак, со Карен Спенсер, траеше од 2011 година до минатата година. Двојката го објави разводот во јуни 2024 година по 13 години брак, а разводот беше официјално финализиран во декември 2025 година. Заедно имаат 13-годишна ќерка, Шарлот Дајана.

Поврзани содржини