„УБИВАЛ ДОДЕКА БЕГАЛ“ Си пресуди напаѓачот од Тарсус во Турција, познат е идентитетот

Напаѓачот што уби шест лица и рани осум во турскиот град Тарсус се самоубил кога бил опколен од полицијата. Според властите, станува збор за 37-годишен маж со зависност од дрога и повеќе психијатриски дијагнози. Турските медиуми наведуваат дека убил и мотоциклист, кого го турнал во канал додека бегал, како и овчар во близина на пат.

118

Мажот кој во понеделникот дивееше низ турскиот град Тарсус и уби 6 лица, а рани уште 8, е пронајден мртов откако извршил самоубиство при полициска потера.

Турските медиуми јавуваат дека осомничениот Метин О. (37) се сокрил во куќа во шумска област во близина на Мерсин.






Кога сфатил дека полицијата го опколила, си пресудил. Според досегашните информации, нападот започнал во локален ресторан и месарница во Тарсус, каде напаѓачот работел пред околу една година.

Таму ги убил сопственикот и еден вработен, а ранил неколку гости. Потоа избегал со возило и продолжил со нападите низ градот и околината.

 

Убивал додека бегал

Меѓу жртвите е и неговата поранешна сопруга, која била убиена на улица. Напаѓачот застрелал и возач на камион на бензинска пумпа.

Турските медиуми наведуваат дека убил и мотоциклист, кого го турнал во канал додека бегал, како и овчар во близина на пат.

Во нападите биле ранети уште осум лица.

Хеликоптери и голема потера

По масакрот, турската полиција со поддршка на хеликоптери започнала голема потрага по напаѓачот.

Тој подоцна бил лоциран во шумска куќа.

„Зависник од дрога“

Гувернерот на Мерсин изјавил дека осомничениот бил зависник од дрога и повеќепати бил хоспитализиран.

Според властите, имал и неколку психијатриски дијагнози.

Мотивот за нападот засега официјално не е соопштен.

Поврзани содржини