БОРИС БЕКЕР СО СОПРУГАТА И СИНОВИТЕ ОД ПРЕТХОДНИТЕ ВРСКИ Бившиот шампион на Вимблдон покажа како изгледа неговиот семеен одмор во Португалија
Тениската легенда ужива на плажа со сопругата Лилијан де Карваљо Монтеиро, малата ќерка и синовите од претходните бракови. Бекер откри дека токму таа му била најголемата поддршка во најтешките моменти, кога се соочуваше со финансиски проблеми и затворска казна.
Тениската легенда Борис Бекер ужива во семеен одмор во Португалија со сопругата Лилијан де Карваљо Монтеиро (36) и своите синови од претходните врски. На педесет и осумгодишниот поранешен шампион на Вимблдон, кој во ноември минатата година доби ќерка со Лилијан, на патувањето му се придружија и неговите синови Ноа (32), Елиас (26) и Амадеус (16).
Бекер на социјалните мрежи објави фотографија на која позира со синовите, а покрај неа напиша: „Заедно создаваме спомени“.
View this post on Instagram
Семејството престојува во луксузниот хотел со пет ѕвезди Spatia Comporta, јужно од Лисабон, а најголемиот дел од времето го поминуваат на плажа.
Бекер зад себе има три брака и пет деца. Со сопругата Барбара Фелтус во 1994 година го доби синот Ноа Габриел, а пет години подоцна и Елиас Балтазар. Двојката се раздели откако Бекер ја имаше аферата со руската манекенка Анџела Ермакова, со која подоцна по судски спор го призна татковството на ќерката Ана.
View this post on Instagram
Поранешниот тениски ас во 2002 година беше осуден во Германија за даночна измама и обид за даночна измама. Седум години подоцна се сврши со холандската манекенка Шарли „Лили“ Керсенберг, со која во 2010 година го доби синот Амадеус. Нивниот брак заврши во 2018 година.
Новиот почеток за Бекер започна со Лилијан, со која се венча во септември 2024 година во Портофино, на тридневна прослава со 150 гости. Во ноември минатата година, непосредно пред неговиот 58. роденден, двојката ја доби ќерката Зои.
Бекер тогаш сподели и фотографија од болница на која ја држи малата Зои додека таа дува свеќичка на роденденска торта, како и слика на која неговиот најстар син Ноа ја држи својата полусестра.
– Сè уште ги собирам впечатоците од оваа емотивна недела… Ви благодарам на сите за убавите пораки – напиша тој.
Во интервју за „The Sunday Times“ минатиот септември, Бекер зборуваше за сопругата која ја запознал преку пријател во Франкфурт во 2018 година, а врската ја започнале една година подоцна.
– Таа, секако, е многу привлечна жена, но уште првиот ден, кога сами отидовме на ручек, почувствував дека веднаш интелектуално се поврзавме. Иако е 20 години помлада, имам чувство дека има стара душа, а јас сакам да мислам дека мојата е малку помлада, па се најдовме некаде на средина – изјави Бекер.
Лилијан останала покрај него и во периодот кога тој прогласи банкрот и заврши во затвор поради финансиска измама. Бекер призна дека нејзината поддршка многу го изненадила.
– Ме изненади тоа што една жена останува покрај тебе и кога немаш ништо. Тоа порано не ми се случуваше често – рекол тој.