BAKING BREAD ЈА ОТКРИ ПРИЧИНАТА ЗА ПОЖАРОТ И ГИ РАЗБИ ШПЕКУЛАЦИИТЕ „Нема да побараме ниту денар отштета“

Од угостителскиот локал велат дека пожарот настанал при рутинска промена на масло во фритеза. Тврдат дека никој не е повреден и дека нема да бараат обесштетување од осигурителна компанија.

0

Невнимание при рутинска промена на масло во една од фритезите го предизвикало пожарот во скопскиот локал Baking Bread. Од локалот велат дека штетата е мала и дека очекуваат повторно да работат за неколку дена.

„Штетата е мала и очекуваме за неколку дена повторно да бидеме отворени“, соопштија од Baking Bread.






Од локалот посочуваат дека благодарение на брзата реакција на вработените и на навремената интервенција на Противпожарната бригада биле избегнати поголеми последици. Според нив, никој не бил повреден.

Во објавата реагираат и на тврдењата што се појавија на социјалните мрежи и на дел од порталите.

„Сакаме јасно да кажеме дека Baking Bread нема да побара ниту еден денар од осигурителна компанија. Штетата е мала и ќе ја санираме сами“, порачаа од локалот.

На крајот од објавата упатија благодарност до граѓаните за поддршката и до припадниците на Противпожарната бригада за брзата интервенција.

Пожарот избувна синоќа во локалот на улицата „Димитрие Чуповски“, кај „Рекорд“, во центарот на Скопје. Противпожарните екипи брзо го локализираа и го изгаснаа огнот. Полицијата го обезбедуваше местото на настанот.

Фото: Принтскрин
Поврзани содржини