АВТОПАТОТ ОХРИД-КИЧЕВО СЕ ГРАДИ СО ПЛАНИРАНАТА ДИНАМИКА Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави дека на трасата има силна динамика и координација меѓу Министерството, ЈПДП и изведувачите.

0

Автопатот Охрид-Кичево се гради со предвидената динамика, а на терен се решаваат сложени инженерски проблеми, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Николоски на Фејсбук сподели фотографии од работниот состанок со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, при што оцени дека на терен има силна динамика и координација меѓу институциите и изведувачите.






„Силна координација и силна динамика на терен. Автопатот се гради со предвидената динамика и сите комплексни задачи се реализираат со постојана координација помеѓу Министерството за транспорт, Јавното претпријатие за државни патишта и изведувачите. Ја градиме Македонија“, напиша Николоски.

Тој не наведе дополнителни детали за конкретните инженерски проблеми што се решаваат на трасата, ниту рокови за завршување на работите.

Поврзани содржини