АНДРЕЈ ОД ДНК ИМ ПОДЛЕГНАЛ НА ПОВРЕДИТЕ Се обидувал да им помогне на гостите кога избувнал пожарот во Кочани

Андреј Ѓорѓиески, еден од членовите на дуото ДНК, според информациите, имал тешки изгореници и се обидувал да им помогне на гостите кога избувнал пожарот, а тогаш го загубил животот. Последен пат бил виден кога влегол повторно во објектот да помогне на луѓе кои се внатре.

834

Андреј Ѓорѓиески, еден од членовите на дуото ДНК, им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани.

Веста за неговата смрт Телма ја дознава од неговото семејство. Тој, според информациите, имал тешки изгореници и се обидувал да им помогне на гостите кога избувнал пожарот, а тогаш го загубил животот. Последен пат бил виден кога влегол повторно во објектот за да помогне на луѓе кои се внатре.






Исто така, музичарот Филип Стевановски од Куманово- придружен член на дуото ДНК, загинал во пожарот што ја зафати дискотеката „ Пулс“ во Кочани, јавува штипската телевизија.

Во несреќата загинале тапанарот на ДНК, Ѓорги Ѓоргиев од Струмица, а според најновите информации, загина и фотографот на групата ДНК.

Факултетот за музичка уметност ја потврди и смртта на професорката Сара Пројковска, која загина во пожарот што избувна ноќеска во дискототеката „Пулс“ во Кочани.

Поврзани содржини