АКО ГО НАПРАВИШ ТОА ВЕЌЕ НИКОГАШ НЕМА… Како родителските уцени ја уништуваат поврзаноста со детето

Веројатно, да немаше уцени и поткупувања, повеќето од нас немаше да знаат како да ги воспитуваат своите деца. Но, она што родителите кои прибегнуваат кон уцена не го разбираат е дека тие се всушност оние кои на крајот, на долг рок, секогаш губат со овој метод. Како? Со губење на блискоста со детето, бидејќи врската во која има закани и која се заснова на страв (дури и да има многу љубов во неа) не може да создаде блискост.

88

Сите родители (или барем огромното мнозинство од нив) раѓаат деца со желба тие да имаат убав, исполнет, среќен живот. За жал, тоа не е секогаш така и има околности и ситуации на кои не можеме да влијаеме. На повеќето сепак, можеме.

Се чини дека Данците најдобро знаат како правилно да ги воспитуваат децата. А зошто тие и зошто постојано пишуваме за нив? Па, едноставно е. Повеќето истражувања (релевантни истражувања од сериозни универзитети) покажаа дека Данците се најсреќен народ на светот. Ова значи дека има нешто што тие го прават подобро од другите. Затоа што, на крајот од приказната, среќата е целта на секој човек.






Данското родителство е посебно по многу нешта, но денес ќе споменеме нешто што е болка на повеќето родители. Тоа се ултиматумите или, малку погрубо кажано, уцените.

Веројатно, да немаше уцени и поткупувања, повеќето од нас немаше да знаат како да ги воспитуваат своите деца. И веројатно сите ние сме се чувствувале така во одреден момент од животот.

И иако знаеме дека уцената не е добар стил на родителство, понекогаш тоа е едноставно најбрзиот и најлесниот начин, а бидејќи ги гледаме резултатите на краток рок и не ја гледаме веднаш негативната страна, почесто прибегнуваме кон тоа.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини