ЈА НАМАМИЛЕ, ЈА ПРЕТЕПАЛЕ И СÈ СНИМАЛЕ Расчистен случајот во Куманово, кривични за трите насилнички

Три девојки, меѓу кои една 18-годишна и две малолетнички, се кривично пријавени откако во Куманово намамиле, претепале и снимале 14-годишно девојче, а потоа ѝ се заканиле да молчи.

0

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против П.А. (18) од селото Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.

Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 13 март 2026 година, околу 18 часот, кога осомничените повикале 14-годишно девојче да излезе од својот дом.






Потоа ја убедиле да влезе во просторија во близина на спортскиот центар „Соколана“ во Куманово, каде најпрвин ја навредувале, а потоа физички ја нападнале.

Според пријавата, целиот напад го снимале со мобилен телефон.

По насилството, осомничените ѝ се заканиле на малолетничката да не го пријавува случајот и да не зборува за видеото, предупредувајќи ја дека во спротивно „ќе ѝ се случи нешто уште полошо“.

По целосното документирање на случајот, против трите осомничени е поднесена кривична пријава.

ДЕВОЈЧЕТО БРУТАЛНО ГО ПРЕТЕПАЛЕ ДВЕ МАЛОЛЕТНИЧКИ И ЕДНА ПОЛНОЛЕТНА ДЕВОЈКА Првични наоди за видеото со врсничко насилство во Куманово

📽️ ТРИ ДЕВОЈКИ БРУТАЛНО ИСТЕПАЛЕ ДЕВОЈЧЕ ВО КУМАНОВО Се појави снимка, МВР го расчистува случајот

Поврзани содржини