ВУЧИЌ МОЖЕ ДА ГО КАНДИДИРА УАПСЕНИОТ УРЕДНИК НА ИНФОРМЕР ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СРБИЈА „Драган Вучиќевиќ е политички затвореник“

Александар Вучиќ, кој моментно е шеф на пратеничката група на СНС, рече дека Србија е единствената земја-членка на Советот на Европа каде што главниот уредник на медиум е политички затвореник за вербален деликт.

0

 

Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ денеска ја обвини новата власт за прогон на новинари и рече дека во Србија владее „т.н. студентски терор“. За притворениот сопственик и главен уредник на Информер, Драган Ј. Вучиќевиќ рече дека е политички затвореник, а најави и дека би можел биде кандидат за претстојните претседателски избори.






Вучиќ, кој моментно е шеф на пратеничката група на СНС во српското Собрание на прес-конференција рече дека Србија е единствената земја-членка на Советот на Европа каде што главниот уредник на медиум е политички затвореник за вербален деликт.

– Без никаква друга причина. Апсолутно без никаква друга причина. Поради изговорените зборови. Тој мора веднаш да биде ослободен – рече Вучиќ.

Вучиќ тврди дека Вучиќевиќ е уапсен затоа што зборувал за заложничката криза во просториите на Информер, додека лицата што упаднаа во телевизиските простории не беа уапсени.

Тој најави дека неговата пратеничка група утре ќе достави нацрт-заклучок до српскиот Парламент за заштита на слободата на медиумите, спречување на прогон на новинари и за недозволивоста на селективната примена на законот.

Вучиќ рече дека во изминатиот месец во Србија имало намерно и брутално затворање на одредени медиуми, вклучувајќи го и Информер.

Тој ја спомена и можноста притворениот уредник на Информер да се кандидира на претседателските избори закажани за 27 декември.

Самиот Вучиќ се противи на учеството на СНС на претседателските избори, а како една од причините за тоа го наведе апсењето на Вучиќевиќ.

– Имавме идеи. Поранешната министерка Зорана Михајловиќ рече дека размислува да се кандидира како независен кандидат, но да не каже ништо лошо за партијата. Слушнав идеи за кандидатурата на Драган Ј. Вучиќевиќ. Би било интересно да имате главен политички ривал кој е ставен зад решетки. Не знам ни што да ви кажам. Да, Зорана рече дека е време жена да биде претседател. Јас велам, сè е во ред, сè почитувам, мислам дека имам одредени принципи. Дали ќе се држиме до принципите или не – ние ќе одлучиме за тоа. Можно е луѓето да смислат други принципи – рече Вучиќ на прес-конференцијата.

Вучиќ најави дека седницата на Главниот одбор на СНС ќе се одржи во четврток, 3 ноември, кога ќе се донесе одлука дали партијата ќе учествува на претседателските избори.

Драган Ј. Вучиќевиќ, еден од најблиските медиумски сојузници на Вучиќ, беше уапсен во среда под сомнение за сторени кривични дела предизвикување продолжена паника и неред и попречување на правдата. Нему му е одреден притвор до 30 дена.

Во петокот студентите го претставија како свој кандидат за претседател на Србија 65-годишниот академик Радомир Саичиќ, професор на Хемискиот факултет на Универзитетот во Белград, кој беше избран за пратеник на октомвриските парламентарни избори.

Поврзани содржини