МУ НАШЛЕ МАРИХУАНА, ПА СО „СЕАТ“ УДРИЛ ВО ПОЛИЦАЕЦ Дома му пронашле и хашиш

Полициската контрола на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје завршила со инцидент. Против младиот скопјанец е поднесена кривична пријава за 2 дела.

0

Скопјанец го стартувал автомобилот и удрил во полицаец откако при полициска контрола во возилото му пронашле марихуана. При претресот во неговиот дом полицајците пронашле и хашиш.

Инцидентот се случил на 17 ноември на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје. Полицајците запреле автомобил „сеат леон“, управуван од 23-годишниот Т.А. од Скопје.






Откако му ја одзеле марихуаната, момчето го стартувало автомобилот.

„Пријавениот го стартувал возилото, удрил во полициски службеник, а подоцна и во паркирано патничко возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против 23-годишникот за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Поврзани содржини