🎥 ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО ИМ НАПРАВИ ДОЖДОТ НА СИВОТА И ПЛАТАРИЈА! Сериозни поплави во северозападна Грција

Невремето ја погоди областа Теспротија во текот на ноќта, при што поројните води носеа кал, камења и други наноси од околните ридови, отежнувајќи го сообраќајот.

1

Обилните врнежи од дожд предизвикаа големи поплави во крајбрежните населени места Сивота и Платарија, во северозападна Грција, каде што улиците беа претворени во порои, а водата навлезе во куќи и деловни објекти.

Според грчките медиуми, невремето ја погоди областа Теспротија во текот на ноќта, при што поројните води носеа кал, камења и други наноси од околните ридови, отежнувајќи го сообраќајот.






Противпожарната служба примила околу 150 повици за помош во областа. Поголемиот дел од нив се однесувале на испумпување вода од поплавени подруми, приземни катови и продавници.

Тројца повозрасни жители се евакуирани од своите домови и пренесени на безбедни места. На терен интервенирале осум екипи со 22 пожарникари, засилени со припадници на противпожарните служби од Јанина.

Проблеми се пријавени и во поширокото подрачје на Игуменица, каде што привремено е ограничен сообраќајот на северниот влез во градот поради расчистување на наноси од патиштата. Свлечишта се регистрирани и во подрачјето на Филијатес.

Според подоцнежните информации, сообраќајот во погодената област е нормализиран, но тешка механизација продолжува да ги расчистува патиштата. Локалните власти побарале општината Игуменица да добие статус на подрачје погодено од вонредна состојба, додека се проценуваат штетите врз домовите, деловните објекти и општинската инфраструктура.

Грчката Национална метеоролошка служба предупреди дека лошото време ќе продолжи и во наредните денови. Силни врнежи и грмотевици се очекуваат во западните и северните делови на земјата во петок и сабота, а во недела невремето ќе се прошири кон централните, источните и јужните области. Во источниот дел на Грција се најавуваат и многу силни ветрови, со брзина од 75 до 88 километри на час.

Поврзани содржини