СЕ РОДИЛЕ 4.160 БЕБИЊА, А УМРЕЛЕ 4.807 ЛИЦА Негативен природен прираст и во третото тримесечје
Од вкупниот број починати во третото тримесечје од 2026 година, 19 се доенчиња, објави Државниот завод за статистика.
Во третото тримесечје од 2026 година во Македонија се родени 4.160 живородени деца, а бројката е помала за 4,8 проценти во споредба со истиот период лани.
Во истиот период, односно во јули, август и во септември, починале 4.807 лица, што е за 0,1 процент повеќе во однос на третото тримесечје од 2025 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Природниот прираст и натаму е негативен. Бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица за 647.
Од вкупниот број починати, 19 се доенчиња.
Во периодот јули-септември годинава се склучени 3.524 бракови, што претставува зголемување за 0,5 проценти во споредба со истиот период минатата година.
Во третото тримесечје се регистрирани и 397 разведени бракови.