Внатрешната контрола на ЈСП синоќа затекнала вработени како крадат значително количество нафта од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров по што веднаш била повикана полиција, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
– Вработените ќе бидат отстранети од работа, а очекувам Обвинителството да отвори постапка и секој за кого ќе се утврди одговорност да одговара пред законот. Почитувани скопјани, токму за ова зборувам кога велам дека градот со години бил системски уништуван. Секој литар нафта во тие гаражи е платен со ваши пари за автобусите на ЈСП да ве однесат на работа, на училиште и дома. Моја обврска е да го чувам секој ваш денар. Кој и да посегне по него, ќе биде санкциониран. Без исклучок! Денес, за разлика од минатото, жестоко се постапува против криминалот! Само со удар во чело, можеме да се избориме против корумпираните кои го уништуваат нашето и ваше Скопје – наведе Ѓорѓиевски.