ПОЧИНА РАБОТНИКОТ ПОВРЕДЕН ВО МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ ПРИЛЕП Повредите биле фатални

1

Утрово во Општата болница во Прилеп, како последица од тешки повреди здобиени при извршување на работните задачи во текот на ноќната смена, почина Т.Г. (54), работник во Мермерниот комбинат АД Прилеп, соопшти тамошното раководство.

„И покрај брзата реакција, негов итен транспорт до прилепската болница и напорите на медицинскиот тим да го спасат неговиот живот, повредите за жал беа фатални. Раководството и сите вработени во Мермерен комбинат се длабоко потресени од оваа трагична загуба. Во овие исклучително тешки моменти, нашите мисли се со семејството, роднините и најблиските на нашиот колега, до кои упатуваме најискрено и најдлабоко сочувство. Компанијата е во постојан контакт со неговото семејство и ќе ја обезбеди сета потребна поддршка и помош во овие болни мигови“, се наведува во соопштението од компанијата.






Оттаму додаваат дека веднаш по несреќата, согласно законските прописи, биле известени сите надлежни институции. На местото на настанот се врши увид од страна на овластените органи и се преземаат сите законски предвидени дејствија за целосно расветлување на околностите и утврдување на причините кои довеле до несреќата.

Поврзани содржини