ИЗРАЕЛ Е ПОДГОТВЕН ДА ГО НАПАДНЕ ИРАН И БЕЗ ПОДДРШКА ОД САД Техеран сè уште претставува егзистенцијална закана
Портпаролот на израелската армија, Ефраим Дефрин изјави дека Израел го следи развојот на ситуацијата и е подготвен да изврши силен напад врз Иран во секој момент, „па дури и независно“.
Портпаролот на израелската армија, Ефраим Дефрин денеска изјави дека Израел е подготвен да го нападне Иран дури и без САД, пренесе Ал Џезира.
Дефрин изјави дека Израел го следи развојот на ситуацијата и е подготвен да изврши силен напад врз Иран во секој момент, „па дури и независно“.
Во врска со тензиите меѓу Иран и Израел, тој додаде дека Техеран сè уште претставува егзистенцијална закана за Израел и дека „иранската визија за уништување“ на Израел не е исчезната.