СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА ОДЕКНА ПРЕД КУЌАТА НА ДИРЕКТОР НА ГОЛЕМО СРПСКО ПРЕТПРИЈАТИЕ Фрлена бомба врз гаражата на Слободан Вујичиќ
Слободан Вујичиќ е прв човек на државната компанија „Про Тент“ која вработува повеќе од 8.500 лица и работи во повеќе области, пред се во енергетскиот сектор.
Силна експлозија рано утрово, околу 5 ччасот, го потресе српскиот град Обреновац, крај Белград, откако непознат напаѓач фрлил експлозивна направа врз семејната куќа на Слободан Вујичиќ, директор на државната компанија „Про Тент“.
Според српските медиуми, напаѓачот ја фрлил бомбата кон предниот дел од куќата, во близина на гаражата, по што побегнал. Во мометнот Вујичиќ и неговото семејство биле во куќата. Во експлозијата нема повредени лица, но причинета е материјална штета, оштетувања на фасадата и ѕидовите на објектот, како и искршени стакла на прозорците.
На местото веднаш пристигнале полициски екипи, улицата била блокирана за сообраќај, а пожарникари интервенирале и го изгаснале пожарот што бил предизвикан од експлозијата.
Слободан Вујичиќ е директор на компанијата „Про Тент“, која е поврзана со енергетскиот сектор во Србија и обезбедува услуги за големи јавни претпријатија, меѓу кои и „Електростопанство Србија“ (ЕПС). Компанијата вработува повеќе од 8.500 лица и работи во повеќе области, вклучувајќи машинско и електроодржување, инженерство, обезбедување и други услужни дејности.
Српските медиуми потсетуваат дека адвокатот Иван Ниниќ претходно поднел кривична пријава против Вујичиќ и компанијата „Про Тент“, поради сомневања поврзани со собирање таканаречени „капиларни гласови’. Според пријавата, вработените биле принудени да прават листи на сигурни гласачи, од роднини и пријатели, а притоа била изложени на закани и притисоци. Засега нема информации дека тој случај е поврзан со утринскиот бомбашки напад.