📽️ КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК Е ПРЕД КРАЈ, СЕ АСФАЛТИРААТ МОСТОВИТЕ Ѓорѓиевски најави уште еден кружен тек

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека се завршени експропријациите што ја кочеле изградбата, а сега се асфалтира еден од мостовите и се гради последниот од вкупно петте.

0

Изградбата на клучката кај Момин Поток е во завршна фаза, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Тој информира дека на еден од изградените мостови веќе се поставува асфалт, додека во тек е изградбата на последниот, петти мост во рамките на проектот.






– Веднаш штом ја презедов одговорноста за Скопје, ги завршивме експропријациите што ја кочеа изградбата на клучката „Момин Поток“. Оттогаш работиме со едно темпо и со една цел – скопјани конечно да ја добијат оваа клучна сообраќајна врска. На мостот што го изградивме веќе поставуваме асфалт, а го градиме и последниот од петте моста. Едната коловозна лента е веќе асфалтирана – објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Градоначалникот најави дека во следниот период ќе се асфалтира и другата коловозна лента, по што ќе следува поставувањето на завршниот слој асфалт. Во рамките на преостанатите работи предвидена е и изградба на уште еден кружен тек.

Поврзани содржини