ТЕТОВКА ЗАГИНА ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО АЛБАНИЈА Двајца мртви, петмина повредени во директен судир на два автомобили
42-годишната Малтина Ферати била сопатничка во автомобилот управуван од 45-годишниот А.Ф.
Тешка сообраќајна несреќа со двајца загинати и петмина повредени се случила денеска (14 ноември) во Албанија, во близина на тунелот Муриз, кај местото Џибер. Меѓу загинатите е и 42-годишната Малтина Ферати од Тетово, која го загубила животот во директен судир меѓу два автомобила.
Според првичните информации од албанската полиција, несреќата се случила околу 10:15 часот, кога од засега неутврдени причини дошло до судир меѓу две патнички возила.
Во страшниот судир животот го загубиле две лица. Едната жртва е 42-годишниот Бледијан Османи, кој управувал со едниот автомобил, додека втората жртва е тетовката Малтина Ферати.
Ферати била сопатничка во автомобилот управуван од 45-годишниот А.Ф. Уште пет лица биле пренесени во болница, каде што им била укажана потребната медицинска помош и биле извршени прегледи.
На местото на трагедијата пристигнале полициски и истражни екипи, кои извршуваат увид и работат на утврдување на точните околности под кои се случила несреќата. Засега нема официјални информации за причините за судирот, ниту за степенот на повредите на останатите пет лица.