ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ДЕЛУВА АНТИДРЖАВНО Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ нотира деструктивното делување на опозицијата

Извршниот комитет донесе одлука за теренска агенда на координаторите од ИК за посета на општинските и месните комитети на партијата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

0

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ нотира деструктивното делување на опозицијата во насока на рушење на Алта банка и губење на пари на илјадници граѓани, соопшти партијата по редовната седница на Извршниот комитет.

„Антидржавното делување на Венко Филипче е во насока на подривање на системот, ширење параноја и саботажа на банкарскиот систем. Беше изразено уверување дека институциите работат и дека ќе се најде решение со кое ќе се заштитат интересите на банката“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.






Претседателот Христијан Мицкоски, се додава, информираше за средбата со раководството на ВЛЕН.

„Тој посочи дека на средбата биле дискутирани принципите на коалицијата, идните предизвици во делот на енергетските состојби, а за кадровските решенија дискусијата ќе продолжи во наредниот период“, се вели во соопштението.

Воедно, Извршниот комитет донесе одлука за теренска агенда на координаторите од ИК за посета на општинските и месните комитети на партијата.

Поврзани содржини