ЗА ПЕТ ЧАСА СЕ КАЗНЕТИ 147 ПЕШАЦИ, ПРЕМИНУВАЛЕ КАДЕ ШТО НЕ ТРЕБА Полицијата санкционираше и возачи кои не застанале на пешачки

Во акциската контрола спроведена од 8 до 13 часот на 11 ноември, санкционирани биле 147 пешаци за небезбедно преминување на коловозот, а 25 возачи за непропуштање пешаци на обележан премин.

2

Вкупно 221 прекршок на пешаци и возачи биле откриени за само пет часа во вчерашната сообраќајна контрола на територијата на целата држава. Најголем дел од санкциите, 147, биле за пешаци кои небезбедно го преминувале коловозот надвор од обележан пешачки премин, додека 25 возачи биле казнети затоа што не им дале предност на пешаците на пешачки премин.

Контролата ја спровел Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи на 11 ноември, во периодот од 8 до 13 часот.






Покрај прекршоците поврзани со пешаците, полицијата санкционирала уште 179 возачи за други сообраќајни прекршоци.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период.

Полицијата апелира до пешаците да го преминуваат коловозот исклучиво на обележан пешачки премин, а до возачите да ја приспособат брзината и да им овозможат безбедно преминување.

Безбедноста на пешаците зависи од сите учесници во сообраќајот, а почитувањето на правилата е клучно за намалување на сообраќајните незгоди.

Поврзани содржини