НЕ Е ИСТО ДАЛИ СЕ ДОДАВА КАКО ЗАЧИН ИЛИ СЕ ЗЕМА КАКО СУПЛЕМЕНТ Куркумата е здрава, но високите концентрации може да го загрозат здравјето на бубрезите

Куркумата во високи концентрации може да го зголеми ризикот од бубрежни камења, а истражување открило олово во дел од анализираните примероци.

11

Куркумата, еден од најпопуларните зачини во последните години, често се користи поради нејзините потенцијални антиинфламаторни својства. Се додава во различни јадења, но сè почесто се зема и како додаток во исхраната, во форма на капсули и концентрирани препарати. Токму кај овие производи експертите предупредуваат на можни ризици, особено за луѓето склони кон создавање бубрежни камења.

Важно е да се направи разлика меѓу количините куркума што вообичаено се користат како зачин во храната и многу поголемите концентрации што се внесуваат преку додатоците во исхраната. Прекумерната употреба на концентрирани препарати може да претставува дополнителен ризик за одредени луѓе.






Една од причините за загриженост е релативно високата содржина на оксалати во куркумата. Станува збор за соединенија кои во организмот можат да се врзат со калциумот и да создадат кристали на калциум оксалат. Нивното натрупување во уринарниот систем со текот на времето може да придонесе за создавање камења во бубрезите.

Ова не значи дека секој што користи куркума ќе добие бубрежни камења. Сепак, концентрираните препарати можат да претставуваат дополнителен ризик за луѓето кои веќе имале ваков проблем или имаат предиспозиција за негово создавање.

 

Повеќе за ова читајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини