📽️ „ЛЕСНО БИ ГО ПОБЕДИЛ, МНОГУ Е ПРЕЦЕНЕТ“ Трамп со жестока оценка за Обама

Во интервју со спортскиот коментатор Стивен А. Смит, американскиот претседател го нарече Обама „многу преценет“ и тврдеше дека неговото претседателствување ги поделило Американците.

0

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека без проблем би го победил поранешниот претседател Барак Обама доколку двајцата повторно би можеле да се кандидираат за Белата куќа. Тој го нарече Обама преценет политичар кој ги поделил Американците, додека за себе тврдеше дека ги обединува луѓето.

Трамп го изјави ова во интервју со спортскиот коментатор на „ESPN“, Стивен А. Смит, кој го праша како би поминал на избори против Обама доколку двајцата имаат право на уште еден претседателски мандат.






Трамп одговори дека на изборите освоил значително повеќе гласови од Обама и тврдеше дека ги држи рекордите според бројот на освоени гласови во Тексас и Флорида.

– Значи, велите дека би го победиле Обама? – го праша Смит.

– Да, мислам дека лесно би го победил. Да. Лесно. Мислам дека е многу преценет. одговори Трамп.

Смит изненадено реагираше на неговата изјава.

О, Боже. Како тоа Барак Обама е преценет?“, го праша.

– Тоа е едноставно мое мислење. Мислам дека е преценет. Не мислам дека беше добар претседател. Мислам дека ги делеше луѓето -рече Трамп.

На прашањето на Смит како би се опишал себеси, Трамп одговори дека е „човек кој ги обединува луѓето“, додавајќи дека успехот на земјата може да ги обедини Американците.

 

Поврзани содржини