СТУДИЈА ГО ОЗНАЧИЛА ДЕНЕШНИОТ ДАТУМ ЗА „СУДНИОТ ДEН“, ЕВЕ КАДЕ Е ГРЕШКАТА Никој не можел да предвиди една клучна промена

Резултатот на математичката пресметка за раст на населението бил необичен: на 13 ноември 2026 година кривата на растот достигнувала бесконечност. Потоа започнала промената што ја направила прогнозата неодржлива. Семејствата во сè повеќе земји почнале да имаат помалку деца.

0

Денес, петок, 13 ноември 2026 година, според математичка студија објавена пред 66 години, човештвото требало да го доживее својот крај. Не поради удар на астероид, нуклеарна војна или природна катастрофа, туку поради неконтролирано зголемување на светското население.

Необичното предвидување потекнува од 1960 година, кога австриско-американскиот физичар Хајнц фон Ферстер и неговите соработници објавиле истражување во научното списание „Сајенс“.






Како што потсетува Еуроњуз, студијата носела провокативен наслов: „Судниот ден: петок, 13 ноември 2026 година“.

Истражувачите анализирале податоци за светската популација во период од околу 2.000 години. Забележале дека времето потребно за удвојување на бројот на луѓето постојано се скратувало.

Врз основа на тие податоци создале математички модел што го продолжувал истиот тренд во иднината.

Резултатот бил необичен: на 13 ноември 2026 година кривата на растот достигнувала бесконечност. Според таквата пресметка, бројот на луѓето би растел толку брзо што моделот повеќе не би можел да го опише.

Токму овој математички резултат бил претставен како „Судниот ден“.

Но авторите не тврделе дека располагаат со натприродно знаење за крајот на човештвото. Со намерно драматичниот датум сакале да предупредат на опасностите од неконтролираниот раст на населението.

Иако предвидувањето звучело неверојатно, моделот изненадувачки добро се совпаѓал со реалните демографски податоци.

Сè до почетокот на 1990-тите, растот на светското население приближно ја следел математичката крива.

Потоа започнала промената што ја направила прогнозата неодржлива.

Семејствата во сè повеќе земји почнале да имаат помалку деца, а стапката на раст на светското население постепено се намалувала.

Најбрзиот годишен раст бил забележан во 1963 година, кога надминал 2 проценти.

До 2020 година стапката паднала под 1 процент.

Тоа значи дека светското население продолжува да расте, но многу побавно отколку што претпоставувале научниците во 1960 година.

Главната причина за неуспехот на предвидувањето е демографската транзиција.

Во првата фаза од модерниот раст на населението, подобрената медицина, хигиената и условите за живот ја намалиле смртноста.

Бројот на луѓето нагло се зголемувал бидејќи повеќе деца преживувале, а животниот век се продолжувал.

Подоцна, со развојот на образованието, урбанизацијата и пристапот до контрацепција, почнал да се намалува и бројот на раѓања.

Така се променил трендот врз кој се темелела прес

Поврзани содржини