АИ ЌЕ БИДЕ ГЛАВЕН ДВИГАТЕЛ НА АМЕРИКАНСКИТЕ КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ СЛЕДНАТА ГОДИНА Голдман Сакс очекува раст од 5,3% на капиталните инвестиции во САД
Според прогнозата на оваа инвестициска банка, годишното темпо на инвестиции во хардвер за вештачка интелигенција и интелектуална сопственост ќе надмине 900 милијарди долари до крајот на 2026 година, додека во 2027 година би можело да порасне на 1,4 трилиони долари, што одговара на износ од речиси 4% од бруто-домашниот производ на САД.
Инвестициите на американските компании поврзани со вештачката интелигенција ќе бидат главен двигател на растот на деловните инвестиции и во 2027 година, а нивната годишна вредност во сегментот на хардвер и интелектуална сопственост би можела да достигне 1.400 милијарди долари, проценува њујоршката инвестициска банка Голдман Сакс во извештај објавен денеска.
Според прогнозата на оваа инвестициска банка, годишното темпо на инвестиции во хардвер за вештачка интелигенција и интелектуална сопственост ќе надмине 900 милијарди долари до крајот на 2026 година, додека во 2027 година би можело да порасне на 1,4 трилиони долари, што одговара на износ од речиси 4% од бруто-домашниот производ на САД.
Инвестициите поврзани со технологијата на вештачка интелигенција директно ќе придонесат за растот на капиталните инвестиции во САД во 2027 година за 5,3 процентни поени, вклучувајќи ги и инвестициите во производство на полупроводници, додека нивниот придонес кон растот на БДП на САД би можел да изнесува 0,6 процентни поени, забележува Голдман Сакс.
Севкупно, Голдман Сакс предвидува раст на деловните инвестиции во САД на 8% на квартална основа во 2027 година, речиси двојно повеќе од консензуалната прогноза од 4,2%