ПЛУКНАТА КЛАУДИЈА ШИФЕР Ќерката на супермоделот ќе дебитира на еден од најексклузивните балови во светот
Клементина Вон, која пред два дена наполни 22 години, ќе биде една од младите жени кои на 28 ноември ќе се претстават на престижниот „Le Bal des Débutantes“ во Париз. На настанот доаѓаат ќерки на познати личности, аристократски семејства и светски богаташи.
Клементина Вон, ќерката на германската супермоделка Клаудија Шифер и британскиот филмски режисер Метју Вон, наскоро ќе го има своето официјално претставување во високото општество.
Таа е поканета на „Ле Бал де Дебитант“ (Le Bal des Débutantes), еден од најексклузивните општествени настани во светот, кој на 28 ноември ќе се одржи во луксузниот хотел „Шангри-Ла“ во Париз.
View this post on Instagram
Клементина на 11 ноември го прослави 22. роденден, а нејзината мајка ѝ честиташе на Инстаграм со фотографија од времето кога била мала.
– Среќен 22. роденден, Клементина. Продолжи да блескаш, мој креативен, духовит, полн со љубов, истраен, мудар и прекрасен ДИЈАМАНТ – напиша Шифер.
View this post on Instagram
Иако пораснала во едно од најпознатите семејства во светот на модата и филмот, Клементина досега главно го избегнуваше вниманието на јавноста. Таа студира уметност и мода, а веќе покажува интерес за модната индустрија. Во 2024 година се појави на насловната страница на списанието „Поп“ заедно со својата мајка, а претходно и во германскиот „Вог“ уште како бебе, во прегратките на Клаудија.
Клементина е најстарата ќерка на Шифер и Вон, кои имаат и син Каспар, роден во 2003 година, и помлада ќерка Косима, родена во 2010 година. Семејството живее претежно повлечено, а Клаудија во едно интервју за „Гардијан“ откри дека нејзините ќерки сакаат да ја разгледуваат нејзината гардероба и да комбинираат винтиџ парчиња од нејзината богата модна архива.
На годинашниот бал, покрај Клементина, ќе учествуваат и Олимпија Баез Херера, внука на модната дизајнерка Каролина Херера, како и други млади жени од влијателни семејства. Меѓу нив се и ќерката на филмскиот режисер Артур де Керзасон, како и Џулиет Липман, ќерката на коосновачот на издавачката куќа „Репаблик рекордс“, Монте Липман.
Традицијата на балот започнала во 1957 година, а во 1994 година француската организаторка Офели Ренуар го обновила настанот во современа форма. Денес, на него се покануваат околу 20 млади жени од влијателни семејства од целиот свет, кои се појавуваат во креации на познати модни куќи, придружувани од своите кавалери. Настанот има и хуманитарна цел, бидејќи преку него се собираат средства за детски болници и медицински организации.