РУСКИОТ АМБАСАДОР ВО САД НЕНАДЕЈНО ПОЧИНА ВО МОСКВА Захарова соопшти дека умрел од хронична болест

Амбасадорот Александар Дарчиев го замени Анатоли Антонов на функцијата амбасадор во САД на почетокот на 2025 година, во услови на ненадејно затоплување на односите помеѓу САД и Русија по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа.

0

Рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев ненадејно почина на 66-годишна возраст, соопшти денеска руското министерство за надворешни работи.

Портпаролката на министерството, Марија Захарова, подоцна соопшти дека Дарчиев починал во Москва од хронична болест.






– Веќе пристигнале голем број пораки за сочувство од сите краишта на планетата во врска со смртта на рускиот амбасадор во САД. Исполнети се со тага поради загубата и со топли сеќавања на нашата заедничка работа и пријателство. Исто така добиваме прашања од медиумите. Американските медиуми се активираа со нивните непристојни теории на сомнеж – рече Захарова.

Руското МНР соопшти дека починал истакнат дипломат, искусен раководител, добар колега и ментор.

„Тој беше професионалец од највисок ранг и брилијантен познавач на американските прашања“, објави министерството.

Дарчиев го замени Анатоли Антонов на функцијата амбасадор во САД на почетокот на 2025 година, во услови на ненадејно затоплување на односите помеѓу САД и Русија по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа.

Како искусен дипломат, Дарчиев и претходно служел во руската амбасада во Вашингтон, пред да извршува функции во Министерството за надворешни работи. Подоцна, тој поминал 6 години како руски амбасадор во Канада и 4 години раководел со Одделот за Северна Америка во министерството.

Дарчиев важеше за штитеник на Јури Ушаков, советникот за надворешна политика на Владимир Путин.

Поврзани содржини