ВО ПРИЛЕП ЗАПЛЕНЕТИ 168 КИЛОГРАМИ РЕЖАН ТУТУН Цариниците затекле 6 лица како продаваат тутун без маркички

Ова е втора акција на Царинската управа, за многу краток период. Претходно во контрола на пазарот во Чаир беа запленети 135 килограми режан тутун.

1

Царински службеници од царинарница Битола и мобилни тимови од Одделението за оперативни работи на зелениот пазар и градскиот плоштад во Прилеп спроведоа акција за контрола на акцизни производи, при што се запленети вкупно 168,7 килограми режан тутун, за кои е избегнато плаќање акциза во висина од 463.787 денари. Во акцијата е повикана и асистенција од полициски службеници.

Како што информираат од Царинската управа, при тоа се фатени 6 лица како продаваат тутун без акцизни маркички, со што најгрубо го прекршиле законот, го оштетиле Буџетот на државата и го загрозиле здравјето на граѓаните. Против нив се поведени соодветни постапки пред надлежниот суд и Комисијата за прекршоци.






Ова е втора акција на Царинската управа, за многу краток период. Претходно во контрола на пазарот во Чаир беа запленети 135 килограми режан тутун.

Поврзани содржини