„КОГА ВЕЌЕ ДОШЛЕ, НЕКА СЕДАТ МАЛКУ ВО ХОТЕЛ“ Лавров за присуството на европски претставници во Абу Даби

Првата рунда од преговорите Русија-Украина-САД заврши денеска по 4,5 часа разговори, со пауза од 40 минути.

16

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров остро одговори на прашањето зошто Москва не им дозволува на европските претставници да учествуваат во мировните преговори за Украина во Абу Даби, иако бројни европски делегации веќе пристигнаа во Обединетите Арапски Емирати.

Шефот на руската дипломатија му одговори на новинарот прашувајќи дали Русија треба да ги собори нивните авиони, а потоа рече дека европските претставници можат слободно да престојуваат во хотели додека Москва, Вашингтон и Киев водат преговори.






– Што предлагате, да ги собориме нивните авиони?! Кога Европејците веќе долетале тука, добро, нека седнат во хотелот малку – Лавров одговори на забелешката на новинарот дека има голем број претставници на европските земји во Абу Даби, но дека Русија не им дозволува да учествуваат во разговорите.

Неговата реакција доаѓа во време кога во Абу Даби започнаа дводневни преговори меѓу Русија, Соединетите Американски Држави и Украина, додека европските земји се обидуваат да обезбедат учество во одлучувањето за идниот мировен договор. Во ОАЕ пристигнаа претставници на Германија, Франција и на Европската комисија, но тие водат само одделни консултации со претставниците на Украина, и не учествуваат директно во преговорите.

Првата рунда од преговорите, кои беа организирани во трилатерален формат, со американско посредништво, завршија денеска во Абу Даби. Разговорите траеја 4,5 часа со пауза од 40 минути. Втората рунда треба да се одржи утре.

Поврзани содржини