ГАЗДАТА НА НАСТЕЛ НАПАДНАТ ВО СУД ЗА ВРЕМЕ НА РОЧИШТЕ Полицијата потврди дека Азманов го пријавил случајот, се истражуваат причините
Нападот бил пријавен во 9.47 часот, а според информациите од полицијата, 67-годишниот Азманов бил физички нападнат од 61-годишниот Ѓ.С. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.
Познатиот бизнисмен Зоран Азманов утрово бил физички нападнат во Основниот граѓански суд во Скопје. Нападот го пријавил во полиција, а од Министерството за внатрешни работи за Плусинфо потврдија дека осомничен за физичкиот напад е 61-годишен маж.
Според информациите од МВР за Плусинфо, случајот бил пријавен утрово во 9.47 часот во СВР Скопје. Во пријавата се наведува дека З.А. (67) бил физички нападнат од Ѓ.С. (61) во просториите на Основниот граѓански суд.
Инаку Азманов е претседател на Надзорниот одбор и директор на градежната компанија „Настел“ ДООЕЛ Скопје.
Засега не се познати причините за нападот, ниту што му претходело на инцидентот. Нема ниту официјални информации дали Азманов се здобил со повреди и, доколку има, од каков карактер.
Според неофицијалните информации, физичкиот напад се случил за време на судско рочиште. Полицијата презема мерки за утврдување на сите околности и расчистување на случајот.