УАПСЕНИ 8 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ПРЕТЕПУВАЊЕ ДО СМРТ НА БРАТОТ НА ОБВИНЕТИОТ ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ Месото на табаните му се одвоило од коските поради ќотекот

Обвинителството во Ниш соопшти дека и претходно издало налози за апсење на сите осомничени полицајци за тешки телесни повреди што резултирале со смрт, но  Секторот за внатрешна контрола на српската полиција не постапувал по овие налози.

362

Осум полицајци се уапсени во Србија под сомнение дека се поврзани со смртта на Далибор Драгијевиќ во полициската станица Бор. Далибор беше брат на Дејан Драгијевиќ, еден од двајцата обвинети за убиство на двегодишната Данка Илиќ. Уапените полицајци се осомничени дека му нанеле тешки телесни повреди што резултирале со смрт, објави Вишото јавно обвинителство во Ниш.

По наредба од Вишото јавно обвинителство во Ниш, припадници на Секторот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи на Србија уапси 8 полицајци од Управата за криминалистичка полиција.






Уапсените се Н. П., М. Љ., Б. М., И. Т., М. С., М. Б. и З. Ѓ. од Белград и Ј. К. од Нова Пазова. Тие се осомничени дека сториле кривично дело тешка телесна повреда што резултирала со смрт, во врска со кривичното дело злоупотреба и тортура.

На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, по што ќе бидат донесени во Вишото јавно обвинителство во Ниш на сослушување.

Обвинителството, исто така, откри дека и претходно издало налози за апсење на сите осомничени полицајци за истите кривични дела, но  Секторот за внатрешна контрола на српската полиција не постапувал по овие налози.

„Ја информираме јавноста дека во претходниот период јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Ниш издаде наредби за лишување од слобода на сите осомничени за горенаведените кривични дела, но дека припадниците на Министерството за внатрешни работи, Сектор за внатрешна контрола, не постапија според наредбите на јавниот обвинител, за што и ние ја информиравме јавноста. По сослушувањето на сите осомничени, јавноста ќе биде информирана за преземените дејствија преку објавување соопштение на веб-страницата на Вишото јавно обвинителство во Ниш“, соопштија од обвинителството во Ниш.

Далибор Драгијевиќ, од местото Злот во близина на Бор, беше уапсен на 6 април 2024 година. Полицијата се сомневаше дека му помогнал на својот брат Дејан Драгијевиќ да го сокрие телото на двегодишната Данка Илиќ. Далибор почина еден ден подоцна додека беше во полициски притвор.

Српското МВР во тоа време објави дека Драгиевиќ починал од природна смрт во службените простории, верзија која наводно ја потврдил и мртовечникот.

Сепак, извештајот од обдукцијата од Институтот за судска медицина покажа дека Драгијевиќ, кој го објавија дел од медиумите во Србија, покаа дека починал како резултат на тешки повреди. Причината за смртта била поврзана со нарушување на дишењето и циркулацијата поради повеќекратни нагмечувања на меките ткива и скршеници на коските. Биле констатирани скршени ребра од двете страни на градниот кош, подливи и нагмечувања, а на стапалата било забележано одвојување на ткивото од коските како последица на удари.

Неговата смрт покрена сериозни прашања за начинот на кој полицијата постапува во случајот.

Минатата недела во Вишиот суд во Неготин почна судењето на Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, обвинети за тешко убиство на двегодишната Данка.

Девојчето исчезна на 26 март 2024 година во Бањско Поље во близина на Бор. Нејзиното исчезнување предизвика голема потрага во која учествуваа полицијата, спасувачките служби и бројни граѓани. Нејзиното тело до ден денес не е пронајдено.

Според обвинението на Вишото јавно обвинителство во Заечар, Драгијевиќ и Јанковиќ, тогашни вработени во комуналната компанија „Водовод“ од Бор, ја удриле данка со нивниот службен автомобил. Обвинителството тврди дека потоа ја зеле во возилото и ја убиле, телото го фрлиле  на депонија, а подоцна го преместиле на непозната локација.

Двајцата обвинети ја негираат вината, а обвинителството бара доживотен затвор за нив.

За време на истрагата, Драгијевиќ и Јанковиќ дале изјави во кои признале дека учествувале во убиството, но подоцна ги повлекоа признанијата. Тие тврдеа дека признанијата им биле изнудени со физичко насилство и закани.

Медиумите пишуваа и дека во службениот автомобил на обвинетите не се пронајдени биолошки траги од девојчето, како ни други директни материјални траги што би ги поврзале обвинетите со убиството.

Сепак, обвинителството смета дека исказите на обвинетите содржеле детали за настанот што само луѓето што учествувале во него можеле да ги знаат.

Радослав Драгијевиќ, таткото на Дејан и Далибор Драгиевиќ, исто така првично беше обвинет во постапката под сомнение дека помагал во преместувањето и криењето на телото на девојчето, но  Судот ја прекина постапката против него поради немање докази.

Поврзани содржини