НАПАДНАЛЕ 15-ГОДИШНО ДЕТЕ ВО ШТИП И СНИМАЛЕ СО МОБИЛЕН Нападнале и друго дете, полицијата им поднесе кривични пријави

СВР Штип поднесе кривична пријава против 15-годишник од Штип и А.М.(18) од Струмица, со престој во Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела Насилство врз дете, соопшти полицијата.

92

Тинејџер од Штип и струмчанец малтретирале деца, за што добија кривини пријави.

„СВР Штип поднесе кривична пријава против 15-годишник од Штип и А.М.(18) од Струмица, со престој во Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела Насилство врз дете. На 15.9.2026 година во Штип пријавените физички нападнале 15-годишник, при што првопријавениот снимал со мобилен телефон. На 19.9.2026 година, за време на манифестација во Штип, пријавените повторно го пресретнале 15-годишникот и му упатувале закани“, соопшти полицијата.






На 17.9.2026 година во двор од образовна установа во Штип, пријавените физички нападнале 16-годишник, се додава во соопштението.

Поврзани содржини