МВР ЧЕШЛА НА 40 МЕСТА, АКЦИЈАТА ТРАЕ ВТОР ДЕН Досега се запленети дрога, пари и оружје

Криминалистичката полиција веќе втор ден спроведува координирани претреси низ земјава. Во акцијата се вклучени сите сектори за внатрешни работи и единицата со службени кучиња.

442

Голема полициска акција се спроведува на повеќе од 40 локации низ Македонија, при што се пронајдени дрога, оружје, пари, мачети и други предмети за кои постојат сомневања дека потекнуваат од кривични дела/

Претресите траат веќе втор ден, а акцијата ја координира Одделот за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи (МВР).






Во операцијата учествуваат сите сектори за внатрешни работи, како и организациската единица за службени кучиња.

Полициските екипи и натаму се на терен, а претресите се дел од континуираните активности за сузбивање на криминалот.

Поврзани содржини