ТЕПАЛЕ ДЕТЕ ВО УЧИЛИШЕН ДВОР, СНИМАЛЕ СО ТЕЛЕФОН Снимката од Бит-Пазар завршила на интернет

Неколку малолетници нападнале дете во двор на основно училиште во Скопје. Нападот бил снимен со мобилен телефон, а снимката потоа била објавена на интернет.

146

Малолетник бил физички нападнат од неколку врсници во двор на основно училиште на Бит-Пазар во Скопје. Насилството не завршило со нападот – друг малолетник го снимил инцидентот со мобилен телефон и ја објавил снимката на социјална мрежа.

Според полицискиот билтен, нападот се случил на 9 октомври, во доцните вечерни часови, а случајот бил пријавен на 15 октомври.






„На 15.10.2026 во 10:30 часот во СВР Скопје, Д.Л.(43) пријави дека на 09.10.2026 во доцните вечерни часови во двор од основно училиште на подрачјето на Бит-Пазар, малолетник бил физички нападнат од неколку малолетници, од кои едниот го познавал, а друг малолетник го снимил настанот со мобилен телефон и го објавил на социјална мрежа“, соопшти МВР.

Полицијата не прецизираше дали нападнатото дете се здобило со повреди, ниту на која социјална мрежа била објавена снимката.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведуваат од МВР.

Поврзани содржини