📷 „КРСТЕ МИСИРКОВ“ ВО ЧЕНТО ДОБИ УЧИЛНИЦИ КАКО ОД ФИЛМОВИТЕ „Сега е важно само да го чувате и одржувате“

Новиот објект има два спрата со 30 училници и вкупна површина од 3.128 квадратни метри. Вредноста на инвестицијата е 170 милиони денари или околу 2,7 милиони евра.

42

Новиот објект на основното училиште „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто во општина Гази Баба денеска свечено беше во употреба во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование Весна Јаневска, градоначалникот Бобан Стефковски, како и наставници, ученици, родители и граѓани.






 – Објектите во кои се организира воспитно – образовниот процес, се суштински за неговиот квалитет. Во добри услови и пријатна средина, мотивацијата за учење е поголема и затоа пред две години Владата и општините се обединија околу еден приоритет – да вложиме во инфраструктурата и да го зајакнеме овој столб на образованието. По две години делата се видливи. Ова училиште е резултат на тие заеднички заложби – рече министерката Јаневска.

Новиот објект има два спрата со 30 училници и вкупна површина од 3.128 квадратни метри. Вредноста на инвестицијата е 170 милиони денари.

 – Ова е значеан објект уште повеќе затоа што до пред некој година овде постоеа само бараки коишто се оставени тука од времето на земјотресот практично, 50 и повеќе години, децата учеа во супстандардни услови, за разлика од тоа што денес може да го видите, навистина едни европски услови. Е сега останува само тоа да се одржува и да се чува. Остануваат уште некои детали, на пролет да зазелени, оградата да се смени, можеби паркингот за вработените, но и тоа нам дека ќе се заврши бидејќи верувам во работата на градоначалникот – рече Мицкоски, заблагодарувајќи се на сите ангажирани во проектот.

Јаневска потсети дека Владата и Министерството за образование и наука вложуваат подеднакво во сите региони на државата и за две години реализирале 90 проекти во вредност од 70 милиони евра. Половина од средствата се обезбедени преку Министерството за образование и наука и другата половина преку повикот на Владата за финансирање на капитални проекти на општините.

Поврзани содржини