ЗАРАБОТИЛ 160 МИЛИОНИ ДОЛАРИ КАКО КОШАРКАР, АМА СОНУВАЛ ЗА ДРУГО Поранешна кошаркарска ѕвезда стана полицаец во Флорида
Поранешната ѕвезда на НБА, Амаре Стадемаер, заврши полициска академија во Флорида и доби посебно признание. Иако зад себе има блескава спортска кариера, отсекогаш сакал да стане полицаец, а оваа желба му е и семејна традиција.
Причината е и семејната традиција. Неговиот чичко бил командир, неговиот брат бил заменик, братучед му исто така е командир, а и неговата сестра посетува полициска академија.
Обуката траела речиси 11 месеци и вклучувала предавања и интензивни физички вежби. Поранешниот кошаркар признал дека во некои аспекти била понапорна дури и од НБА-лигата, особено поради трчањето на подолги растојанија.
– Во НБА трчаш на пократки растојанија, нели? Во полициската академија трчаш на подолги – објаснил тој. Неговата сопруга на почетокот имала резерви поради ризиците што ги носи полициската работа, но Стадемаер верува дека со соодветна обука и почитување на процедурите може да се зголеми безбедноста на службениците.
View this post on Instagram
Пред да се запише на академијата имал некои тешки моменти. Во декември 2022 година бил уапсен поради наводи дека физички нападнал една од своите ќерки. Прекршочните обвиненија против него биле отфрлени во јануари 2023 година. Следната година, во август 2025 година, бил примен во кошаркарската Куќа на славните „Naismith Memorial” во Спрингфилд, Масачусетс.
Стадемаер ја започнал професионалната кариера во 2002 година во Феникс Санс, а во 2010 година преминал во Њујорк Никс, каде што играл до 2015 година. Подоцна настапувал и за Далас Маверикс и Мајами Хит, како и за клубови во Израел и Кина.
View this post on Instagram
Професионалната кошаркарска кариера ја завршил во 2020 година, но сега, на 43 години, докажува дека за остварување на детските соништа никогаш не е доцна.