РЕЧИСИ 25.000 ЛУЃЕ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП Министерството ќе обезбеди доволно вакцини

Вакцинацијата се очекува да почне од 16 до 25 октомври, информираат од Министерството за здравство.

90

Речиси 25.000 граѓани досега се пријавиле на линкот vakcinacija.mk за вакцинација против сезонски грип, според информации од системот „Мој термин“.

Вакцинацијата се очекува да почне од 16 до 25 октомври. Првите 30.000 дози вакцини се од GCFLU Multi inj., производ на компанијата GC Biopharma Corporation, Кореја, информираат од Министерството за здравство.

„Станува збор за тривалентната вакцина GC Biopharma – Influenza Vaccines за 2026 година, која е одобрена од Светската здравствена организација и ги исполнува строгите критериуми за квалитет, односно, задолжително е обезбеден сертификат за квалитет, издаден од производителот и сертификат од референтна лабораторија за контрола на квалитетот од ОМЦЛ-мрежата (Official Medicines Control Laboratories“, соопшти Министерството.

Првата пратка вакцини се обезбедени преку заем во рамките на веќе утврдена меѓународна соработка од соседните држави, во конкретниот случај со УНИЦЕФ/Албанија.

26.000 дози вакцини против грип се од компанијата „Санофи“ и тие ќе стигнат до 15 ноември.

„Разговорите за другите 24.000 дози вакцини се во тек. Приоритетните групи за вакцинација ќе ги утврди комисијата за имунизација“, потенцираат од Министерството.






Поврзани содржини