ХАЛАНД ГО НАДМИНА МЕСИ И ИСПИША ИСТОРИЈА Два рекорда за Норвежанецот и покрај поразот на Сити

Ерлинг Халанд со два гола против ПСЖ стигна до 60 погодоци во Лигата на шампионите за само 60 натпревари и стана најмладиот фудбалер со вакво достигнување.

54

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, постави два рекорда во Лигата на шампионите, иако неговиот тим синоќа загуби од Пари Сен Жермен со 2:4 во натпреварот од второто коло.

Норвешкиот фудбалер постигна два гола и стана најбрзиот играч во историјата на натпреварувањето што стигнал до 60 погодоци. За ова достигнување му беа потребни само 60 натпревари. Претходниот рекорд го држеше Лионел Меси, кому му беа потребни 80 натпревари за да постигне 60 гола.






Халанд стана и најмладиот фудбалер што ја достигнал оваа бројка. Својот 60-ти гол во Лигата на шампионите го постигна на возраст од 26 години и 85 дена, надминувајќи го Меси, кој до истата граница стигнал на 26 години и 86 дена.

Норвежанецот ја продолжува и одличната голгетерска серија оваа сезона. Досега има постигнато 10 гола на девет натпревари во сите натпреварувања.

Поврзани содржини