ПАПАТА ЛАВ 14 ИМА РАК НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ Отстранет му е долниот дел од десното белодробно крило

Поглаварот на римокатоличката црква (71) вчера имаше закажана операција за отстранување јазол од белите дробови, за која Ватикан соопшти дека поминала непречено и без компликации.

51

На папата Лав XIV му е дијагностициран рак на белите дробови, соопшти синоќа неговиот медицински тим во болницата „Џемели“ во Рим, додавајќи дека за време на операцијата му бил отстранет долниот лобус од десното белодробно крило.

Поглаварот на римокатоличката црква (71) вчера имаше закажана операција за отстранување јазол од белите дробови, за која Ватикан соопшти дека поминала непречено и без компликации.






Понатамошните испитувања потврдија дека јазолот бил аденокарцином, облик на рак на белите дробови, соопшти медицинскиот тим од „Џемели“.

Папата помина околу три часа во операционата сала. По процедурата, која исто така вклучуваше и употреба на мали видеокамери, тој беше вратен во својата соба, каде што се очекува да помине околу една недела на закрепнување.

Остана нејасно како ќе продолжи неговото лекување. Лав засега не ја коментираше операцијата, пренесе ДПА.

Папата ја најави својата планирана операција во неделата, изјавувајќи дека јазолот бил откриен за време на прегледи во „многу рана фаза“ и дека бил „добро локализиран“.

– Лекарите сметаат дека операцијата е соодветна – рече Лав, додавајќи дека одлучил да го следи нивниот совет и да се оперира за отстранување на јазолот.

Процедурата се спроведе само два дена подоцна.

Папата беше опериран од медицински тим предводен од реномираниот италијански професор Стефано Маргаритора.

Дотогаш не беа познати никакви здравствени проблеми кои го засегаат првиот американски државјанин на челото на Католичката црква. Лав одржува форма преку тенис, пливање и редовно вежбање.

На 71-годишна возраст, поглаварот на 1,4 милијарди католици во светот е сè уште релативно млад папа. Кога беше избран во мај минатата година, се шпекулираше дека пред него има долг понтификат, кој евентуално би траел неколку децении.

Универзитетската болница „Агостино Џемели“ на периферијата на италијанскиот главен град има крило за папите на 10. кат. Претходникот на Лав, Франциск, исто така се лекуваше таму сè до непосредно пред неговата смрт на 88-годишна возраст. Аргентинскиот понтиф уште од младоста имаше отстрането дел од едното белодробно крило.

Лав пристигна на процедурата во црн автомобил со полициска придружба. Пред болницата го пречекаа медицински тим и голем број граѓани, а беше поздравен и од многу луѓе внатре во објектот. Тој мавташе и се насмевнуваше. Многумина исто така се молеа за него.

Сите аудиенции на Лав се откажани до средината на следната недела поради престојот во болница. Тоа исто така значи дека Лав нема да присуствува на завршната служба на меѓународниот состанок на бискупи за брак и семејство на Плоштадот Свети Петар денеска.

Во ноември, предвидено е папата да замине во посета на Уругвај, Аргентина и Перу.

Лав помина многу години како мисионер и бискуп во Перу, каде што служеше како светски поглавар на Августинскиот ред. Тој исто така поседува и перуанско државјанство.

Патувањето вклучува и посета на градот Куско на надморска височина од 3.400 метри, што кај некои луѓе може да предизвика тешкотии со дишењето и висинска болест.

Објавувајќи ја операцијата пред десетици илјади верници на Плоштадот Свети Петар во неделата, Лав покажа отвореност во однос на здравствените прашања, што воопшто не е вообичаена пракса за папите.

Ватикан има традиција на строго чување во тајност на здравствената состојба на своите лидери сè додека болестите не станат очигледни – а понекогаш дури ни тогаш.

Поврзани содржини