ПОВЕЌЕ ОД 100 СТРАНСКИ ПЛАНИНАРИ ЗАГЛАВЕНИ ВО НЕПАЛ Излеаната река ги збриша планинарските патеки

Властите спасија 96 лица, вклучувајќи и девет странци, откако вчера во округот Горка, околу 100 километри западно од Катманду, свлечиште ја блокираше реката Будхи Гандаки, што доведе до поплави низводно.

69

Повеќе од 100 странски планинари останаа заглавени на различни локации откако излевањето на река во централен Непал за време на викендот ги однесе планинарските патеки и мостовите, изјави денеска локален официјален претставник.

Локалниот функционер Буван Раџ Оџа рече дека повеќе од 100 странски планинари се заглавени во различни области и не можат да се вратат бидејќи дел од патеката е уништен.






– Планинарите кои сакаат да се вратат поради поплавата мора да бидат евакуирани. Оние кои сакаат да продолжат со пешачењето можат да го сторат тоа од безбедни локации – изјави тој.

Властите спасија 96 лица, вклучувајќи и девет странци, откако вчера во округот Горка, околу 100 километри западно од Катманду, свлечиште ја блокираше реката Будхи Гандаки, што доведе до поплави низводно.

Нема извештаи за смртни случаи, но петмина локални жители се водат како исчезнати откако надојдената река однесе куќи и оштети инфраструктура, вклучувајќи и три хидроелектрани, соопштија националните служби за вонредни ситуации.

Поврзани содржини