ДИМИТРИЕВСКИ ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА ЈА ОДБЛОКИРААТ ДЕПОНИЈАТА КРАСТА Вети дека ќе работи на нејзино конечно затворање

Димитриевски се надева дека со помош од Владата и од ЕУ ќе се реализира проект со кој ќе се реши проблемот со сметот не само во Куманово туку и во 15 други општини во североисточниот и во источниот регион.

53

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски ги повика граѓаните што ја блокираат депонијата Краста да се повлечат и да дозволат јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ да продолжи да го депонира отпадот.

Тој вети дека ќе работи на проектот кој предвидува конечно затворање на оваа депонија и нејзина трансформација во трансфер станица. Димитриевски се надева дека со помош од Владата и од ЕУ ќе се реализира овој проект и со тоа ќе се реши проблемот не само во Куманово туку и во 15 други општини во североисточниот и во источниот регион.






Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок, на Општинскиот штаб за заштита и спасување, во врска со актуелната состојба на депонијата „Краста“. На состанокот беа присутни претставници од ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово, ТППЕ Куманово, ЈП „Водовод“ Куманово, ДЗС Куманово, РЦУК Куманово, МВР-СВР Куманово, Државен инспекторат за животна средина, Центар за јавно здравје – Куманово, ЈЗУ Општа болница Куманово, Основно јавно обвнинителство – Куманово, општинска администрација и членови на ОШЗС.

Присутните на состанокот ја разгледаа состојбата на депонијата „Краста“, при што донесоа неколку заклучоци.

СВР Куманово треба да отвори коридор на депонијата за депонирање на отпад.

Со градежна механизација ЈП „Чистота и зеленило“ да се врши третирање на депонираниот смет заедно со земја.

На дневна основа да се врши дотур на градежен материјал (земја и несогорлив шут при ископ од страна на општествено одговорни компании) и тој да се расфрла над површината на дневно донесениот смет.

Да се постави одреден број камери за видео мониторинг на депонијата кои ќе покриваат влез, излез и пристап на депонијата „Краста“, бидејќи веќе поставените се недоволни.

Да се постават термовизиони камери преку кои ќе се врши дополнителен мониторинг на депонијата.

Дополнително да се зајакнат стражарски служби и физичкото обезбедување на депонијата, за да се спречи влез на неовластени лица.

Да се санираат делови од уништената заштитна ограда околу депонијата и на делови каде што нема ограда, да се постави нова.

Директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово, во соработка со месното население, треба да формира мониторинг група (еко патрола), во состав од претставници на месните заедници и невладини организации во сселата Пчиња, Студена Бара, Вак’в и Винце, која во соработка со претставници на јавното претпријатие, ќе врши неделен мониторинг на состојбата на депонијата „Краста“.

Да се изврши дезинфекција на сите локации за собирање на смет, по план и препорака од страна на Центарот за јавно здравје Куманово.

 

Поврзани содржини