ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА ЌЕ ПРОДОЛЖИ УШТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ Премиерот се надева на деескалација
Владата планира да ја продолжи кризната енергетска состојба за уште шест месеци. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека таа би можела да биде прекината и порано доколку дојде до смирување на состојбата.
Кризната енергетска состојба во земјава ќе биде продолжена за уште шест месеци, односно до април следната година, најави премиерот Христијан Мицкоски.
Одговарајќи на новинарско прашање дали мерките ќе продолжат и по истекот на актуелните рокови, Мицкоски посочи дека Владата планира да го продолжи важењето на кризната состојба, и покрај најавите за можна деескалација на состојбата.
– Кризната состојба ќе ја продолжиме уште шест месеци, мислам до април. Дај Боже да дојде до деескалација и смирување на состојбата, за да можеме да ја прекинеме кризната состојба и пред истекот на тој рок – изјави Мицкоски.
Премиерот додаде дека, доколку дојде до смирување на состојбата, постои можност кризната состојба да биде прекината и пред истекот на најавените шест месеци.