🎥 КРВАВ БУНТ ВО МЕКСИКАНСКИ ЗАТВОР, 10 МРТВИ, 16 ПОВРЕДЕНИ Меѓу загинатите и двегодишно дете кое било во посета

Властите соопштија дека во затворскиот комплекс интервенирале војската, Националната гарда, морнарицата и локалните безбедносни сили и воспоставиле контрола.

44

Најмалку 10 лица загинаа, а 16 затвореници беа повредени во бунт што избувна во четвртокот во затворот „Ел Кастиљо“ во мексиканскиот пристанишен град Мазатлан, во сојузната држава Синалоа. Насилството избувна за време на редовните посети на членовите на семејствата на затворениците, соопштија локалните власти.

Меѓу загинатите има девет затвореници и двегодишно дете кое било во посета на затвореник. Шеснаесеттемина повредени се затвореници и се пренесени во болница на лекување.






Според локалните медиуми, во судирот било употребено огнено оружје. Надлежните соопштија дека во затворот биле пронајдени и две пушки со скратени цевки, но засега не е разјаснето како биле внесени во објектот и што точно го предизвикало насилството.

По избувнувањето на судирот, во затворскиот комплекс интервенирале војската, Националната гарда, морнарицата и локалните безбедносни сили. Властите соопштија дека ја воспоставиле контролата врз објектот, во кој престојуваат околу 1.800 затвореници. Посетите се прекинати, а истрагата треба да ги утврди причините за крвавиот инцидент.

Насилството е чест проблем во мексиканските затвори, каде што пренатрупаноста, недостигот од персонал и влијанието на организираните криминални групи придонесуваат за судири. Во државата Синалоа трае и долгогодишниот конфликт меѓу ривалски фракции на моќниот картел Синалоа, кој предизвика сериозно насилство во регионот.

Поврзани содржини