ТРГНАЛ ПО СТАРИ ПЛОЧИ, А СТАНАЛ МИЛИОНЕР Купил слика за 30 долари, па ја продал за вистинско богатство

Стара слика на американската уметница Гертруда Аберкромби, пронајдена на распродажба на имот во Мичиген, била платена само 30 долари, а на аукција достигнала цена од 1,35 милиони долари.

140

Дека ризикот понекогаш може да се исплати повеќекратно, најдобро покажува неверојатниот случај од Соединетите Американски Држави. Еден препродавач на антиквитети отишол на распродажба на имот со надеж дека ќе најде интересни грамофонски плочи, но дома се вратил со уметничко дело кое го платил само 30 долари, односно околу 25 евра. Неодамна, истото дело на аукција достигнало неверојатна цена од 1,35 милиони долари, или приближно 1,2 милиони евра.

Зад овој неверојатен профит се крие сликата „Alderman Merriam’s Shells“ („Школки на советникот Мериам“), која во 1951 година ја насликала познатата чикашка уметница Гертруда Аберкромби.






На платното се прикажани школки од приватната колекција на Роберт Мериам, човек кој од 1947 до 1955 година бил градски советник на Петтиот округ, кој го опфаќал и познатиот кварт Хајд Парк. Самата уметница живеела во тој дел од градот и била исклучително ценето име во локалните музички и уметнички кругови.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ek Pakistan (@ekpakistantv)

Историјата на ова дело е подеднакво фасцинантна како и неговата продажба.

Сликата во 1952 година му била дадена на д-р Џон Т. Рејнолдс од градот Каламазу во Мичиген, како надомест за неговите медицински услуги.

Во текот на 1952 и 1953 година, платното било изложувано на повеќе места низ САД – од Њујорк и Чикаго, преку Милвоки, до Еванстон. Сепак, откако во 1953 година било изложено во чикашкиот Дизајн центар, му се губи секоја трага.

На распродажба на имотот на покојниот д-р Рејнолдс во Каламазу, ловецот на антиквитети сосема случајно го забележал старото платно. Името на задната страна му се сторило познато, па решил да издои 30 долари – потег што ќе му го промени животот.

Откако сликата била откриена, била предадена на чикашката фирма „Baumgartner Fine Art Restoration“ за темелна реставрација.

Кога се нашла на лицитација во аукциската куќа „Freeman’s Auctions“, проценителите очекувале дека ќе биде продадена за сума меѓу 15.000 и 250.000 долари.

Но, конечната цена од 1,35 милиони долари ги изненадила сите присутни и поставила апсолутен светски рекорд за дело на Гертруда Аберкромби, која починала во 1977 година.

Експертите за уметност објаснуваат дека високата цена не е случајна, бидејќи не станува збор за обична мртва природа, туку за дело кое сведочи за преминот на уметницата кон надреализмот.

Сликата се одликува со темна позадина, во која една од школките изгледа како да лебди во целосен мрак. Покрај тоа, композицијата е специфична по тоа што секоја школка има сопствен извор на светлина од различен агол.

Она што ја прави сликата особено значајна од историски аспект е фактот што Аберкромби на неа првпат насликала напукната школка – мотив кој подоцна ќе стане нејзин заштитен знак.

Поврзани содржини