СИНЕР НЕМА ДА ИГРА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА Коленото го принуди Италијанецот на нова пауза

Јаник Синер потврди дека нема да игра до крајот на 2026 година поради проблемите со коленото, откако со лекарите одлучил дека му е потребен дополнителен третман.

30

Италијанскиот тенисер Јаник Синер и официјално стави крај на сезоната 2026, откако тој и неговиот медицински тим одлучија дека му е потребен дополнителен третман на коленото.

Еден од најдобрите тенисери во светот го пропушти годинашниот „Ју-Ес Опен“, а неговото враќање на терените во неколку наврати беше одложувано. Сега Синер потврди дека воопшто нема да настапува до крајот на календарската година.






Италијанецот објасни дека одлуката ја донел со мисла на подолг рок и на продолжување на кариерата без ризик од дополнително влошување на повредата.

– Здраво на сите, би сакал да споделам со вас кратка информација за моменталната состојба. Заедно со лекарите одлучивме дека ми е потребен третман на коленото, што значи дека сезоната 2026 е официјално завршена. Изминатите неколку години, а особено крајот на сезоната во Торино, ми донесоа многу убави чувства и емоции. Оваа година ќе биде сосема поинаква, но во моментов морам да размислувам за мојата кариера на долг рок. Ќе дадам сè од себе за да се вратам во целосна форма. Ви благодарам за поддршката и се надевам дека наскоро ќе се видиме на теренот – изјави Синер.

За Синер, кој во последните години се етаблираше меѓу водечките имиња во светскиот тенис, ова значи подолга пауза и фокус на целосното санирање на проблемот со коленото пред почетокот на новата сезона.

Поврзани содржини