НАМЕСТО ДА ТРУПА ЛУЃЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА, ЃОРЃИЕВСКИ ЌЕ ВРАБОТУВА ВОЗАЧИ И ЧИСТАЧИ Градоначалникот најави драстична промена

Ѓорѓиевски вели дека приоритет имаат луѓето што секојдневно ги обезбедуваат услугите од кои зависи градот, како што се возачи во ЈСП, работници и возачи во ЈП „Комунална хигиена“ и оперативен кадар таму каде што навистина недостига.

220

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска најави дека драстично ќе ги намали новите вработувања во администрацијата на Град Скопје, а дека приоритет ќе имаат вработувања на возачи за ЈСП и работници за Комунална хигиена.

– Денес, на седницата на Советот на Град Скопје, е донесена одлука со која ставаме крај на децениските лоши практики на неконтролирано натрупување на администрацијата и дополнително оптоварување на градскиот буџет. За првпат досега, во сите јавни претпријатија и установи се предвидуваат помалку нови вработувања. Истовремено, вкупниот број вработени, особено во јавните претпријатија, се намалува по законски основи. Ова е реална оптимизација, со цел поефикасно работење и поодговорно управување со парите на скопјани – објави тој на својот профил на Фејсбук.






Ѓорѓиевски вели дека приоритет имаат луѓето што секојдневно ги обезбедуваат услугите од кои зависи градот, како што се возачи во ЈСП, работници и возачи во ЈП „Комунална хигиена“ и оперативен кадар таму каде што навистина недостига.

– Најголемиот дел од предвидените нови вработувања се за луѓе кои ќе работат на терен и директно ќе им служат на граѓаните, додека административните позиции се сведени на минимум. Потребите на улиците, парковите и јавниот превоз конечно го добиваат приоритетот што го заслужуваат. Со ова историско преструктуирање ги насочуваме средствата и кадарот таму каде што се најпотребни за функционирањето на Скопје. Го штитиме буџетот и создаваме услови за подобри услуги. Времето на пренатрупување на администрацијата и оптоварување на граѓаните го оставаме зад нас – порача Ѓорѓиевски.

Поврзани содржини