📽️ ВО НОЕМВРИ ПРИНЦОТ ЌЕ ПАТУВА ВО МУМБАИ На церемонијата за доделувањето на наградите „Earthshot“ на Вилијам ќе му се придружат голем број ѕвезди
Принцот Вилијам во ноември ќе биде домаќин на наградите за најдобрите решенија за најголемите еколошки предизвици - „Earthshot“, во Мумбаи, а ќе му се придружат и Рами Малек, Роберт Ирвин, Алија Бат и други познати гости.
Принцот Вилијам во ноември ќе пристигне во Мумбаи на шестото доделување на наградите „Earthshot“, а на свеченоста ќе му се придружат Рами Малек, Роберт Ирвин, Алија Бат и други познати имиња
Принцот Вилијам ја подготвува шестата церемонија на наградите „Earthshot“, која годинава ќе се одржи во Мумбаи, Индија. На свеченоста на 27 ноември ќе му се придружат актерот Рами Малек, природонаучникот и телевизиски водител Роберт Ирвин, актерката Алија Бат, ѕвездата од „Bridgerton“ Симон Ешли и низа други познати гости.
Ирвин и Номзамо Мбата се амбасадори на „Earthshot“, а на настанот се очекуваат околу 5.000 гости. Наградите ги слават научниците, претприемачите, локалните заедници, староседелските лидери и младите иноватори кои работат на решенија за најголемите еколошки предизвици.
View this post on Instagram
Рами Малек веќе присуствувал на доделувањето во 2022 година, кога церемонијата се одржа во Бостон.
– Ни требаат приказни за надеж, луѓе кои покажуваат дека промената е можна – изјави актерот, додавајќи дека му е чест да биде во Мумбаи за да ги прослави финалистите.
Алија Бат порача дека „Earthshot“ е поврзан со надеж, но надеж која доаѓа со идеи, конкретни активности и луѓе кои бараат нови начини за решавање на проблемите.
– Горда сум што Индија е дел од овој момент – изјавила актерката.
На сцената ќе настапи Симон Ешли, која во јуни настапи и во замокот Виндзор по повод петгодишнината на „Earthshot“. Меѓу останатите најавени гости се индиската спортска легенда Сачин Тендулкар, пејачката Шреја Гошал и актерката Сонaм Капур, додека домаќин на церемонијата ќе биде режисерот и продуцент Каран Џохар.
View this post on Instagram
За првпат доделувањето ќе се пренесува во живо преку „Prime Video“, со достапност во повеќе од 240 земји и територии и на повеќе од 40 јазици. „Earthshot“ е основан од Принцот Вилијам во 2020 година, со цел во текот на една деценија да се пронаоѓаат и поддржуваат решенија за најголемите еколошки проблеми. Петте победнички проекти секоја година добиваат по еден милион фунти за понатамошен развој.
Можно е годинава, за првпат по 2022 година, на сопругот да му се придружи и Кејт Мидлтон, но нејзиното присуство засега не е потврдено.