ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира Христо Ботев, се работи и на 150-та

ЈКП „Водовод“ – Битола започна со реконструкција на дел од водоводната мрежа на улица Христо Ботев, а во наредниот период се планираат активности и на Дебарска и Студентска.

39

Реконструкцијата на водоводната мрежа на улица Христо Ботев во Битола започна денеска, како дел од активностите на ЈКП „Водовод“ за обновување и модернизирање на водоводната инфраструктура во градот.

Од претпријатието информираат дека работите ќе се одвиваат континуирано, сè до целосното завршување на предвидената делница. Со реконструкцијата, како што велат од „Водовод“, се очекува да се обезбеди посигурно и поквалитетно водоснабдување за жителите од овој дел на Битола.






„Продолжуваме со инвестиции во сигурна и современа водоводна инфраструктура“, порачаа од ЈКП „Водовод“ – Битола.

Во меѓувреме, во завршна фаза е реконструкцијата на улица 150-та, додека во наредниот период се планира да започнат активности и на делови од улиците Дебарска и Студентска.

Од „Водовод“ посочуваат дека активностите се дел од континуираните инвестиции во подобрување на водоводната мрежа во Битола.

Поврзани содржини