ФАТЕНИ ТРОЈЦАТА ПОЛЈАЦИ ШТО УПАДНАА ВО ВОЕН МАГАЦИН И ПОБЕГНАА Им се придружија на останатите четворица уапсени
Сите седуммина ќе одговараат за кривично дело „неовластено влегување во воени објекти" по член 350 став 1 од Кривичниот законик.
Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка ги уапсија тројцата полски државјани К.В. (49), О.А.Б. (56) и С.К.З. (55), кои побегнаа, откако завчера со четирицикли, заедно со уште четворица свои земјаци, неовластено влегоа во воен објект.
Четворицата од групата беа уапсени, откако ја пробиле капијата и влегле во воените магацини „Еребино“. Војниците кои биле на стража ги привеле четворица од групата, а останатите тројца побегнале. Полицијата ги лоцирала тројцата и ги уапсила вчера околу 13.00 часот.
„По преземени мерки, тие се лишени од слобода поради сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти” по член 350 став 1 од Кривичниот законик и по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“ – се вели во полицискиот билтен.