📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ ГРУПА ВО СКОПЈЕ Акцијата на МВР откри дека 34-годишник индоктринирал млади
Најтешките сомневања се однесуваат на К.И. (34). Според МВР, тој во 2023 година почнал да дејствува во рамките на злосторничка организација поврзана со идеолошката матрица на ИСИС. МВР тврди дека активностите на 34-годишникот не се сведувале само на ширење пропаганда, туку опфаќале и влијание врз други лица и активности поврзани со оружје.
Автоматски и снајперски пушки, пиштоли, муниција, тактички елек, радиоврски и знаме на ИСИС биле пронајдени во акцијата во која полицијата претресла 12 локации поврзани со 6 лица. Петмина биле лишени од слобода, а еден ден подоцна против тројца била поднесена кривична пријава.
„При извршените претреси, се пронајдени и одземени автоматски пушки, рамки за автоматски пушки, снајперска пушка, рамка за снајперска пушка, пиштоли, куршуми од различен калибар, тактички елек, радио врски, официјално знаме на терористичката организација ИСИС“, соопшти МВР.
Полицијата одзела и поголема количина електронски уреди и мобилни телефони, како и поголема сума пари во денари и девизи. При претресите било откриено и неовластено користење електрична енергија, за што се преземаат дополнителни мерки.
Најтешките сомневања се однесуваат на К.И. (34). Според МВР, тој во 2023 година почнал да дејствува во рамките на злосторничка организација поврзана со идеолошката матрица на ИСИС.
„К.И. (34) во 2023 година започнал со делување во рамки на злосторничка организација – огранок со основи на идеолошка матрица на терористичката организација ИСИС, со цел извршување на кривични дела на територијата на нашата држава“, наведува Министерството.
МВР тврди дека активностите на 34-годишникот не се сведувале само на ширење пропаганда, туку опфаќале и влијание врз други лица и активности поврзани со оружје.
„Како припадник на терористичката организација ИСИС, вршел индоктринација на млади лица за исполнување на цели на терористичката организација ИСИС, а исто така ширел пропаганден материјал со екстремна и радикална содржина и набавувал и ракувал со огнено оружје“, се наведува во соопштението.
Во истрагата се опфатени и Б.А. (24) и Е.С. (30). Според полицијата, тројцата биле поврзани и преку нелегално оружје и муниција.
„Б.А. (24) и Е.С. (30) заедно со К.И. формирале група во која неовластено поседувале, посредувале и тргувале со огнено оружје и муниција“, соопшти МВР.
Кривичната пријава против К.И. се однесува на тероризам и на неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи.
Б.А. и Е.С. се пријавени за кривично дело поврзано со неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи.
„Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 29.09.2026 до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против три лица од Скопје“, информира МВР.
Акцијата била спроведена од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на обвинител од ОЈО за ГОКК.