НОВА ФОТОГРАФИЈА ОД БРУС ВИЛИС Талула објави делче од секојдневјето на татко ѝ кој боледува од деменција

Талула Вилис сподели нова фотографија со својот татко Брус Вилис, давајќи им на следбениците редок поглед во неговиот живот далеку од јавноста, откако актерот се повлече од актерството поради фронтотемпорална деменција.

3
Талула Вилис сподели нежна фотографија со својот татко Брус, на која го бакнува во главата. На фотографијата 32-годишната Талула се наведнува над актерот и го бакнува по темето, додека тој седи.
Таа моментот го опишала едноставно со зборовите: „Sunday funday at Papa’s“ – недела за уживање кај тато.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by tallulah willis (@buuski)






Фотографијата е уште еден од ретките погледи во животот на 71-годишниот Брус, кој последните години речиси целосно се повлече од јавноста. Во 2022 година семејството соопшти дека тој се повлекува од актерството откако му беше дијагностицирана афазија, а во февруари 2023 година откри дека состојбата напредувала во фронтотемпорална деменција.

Семејството на актерот во изминатиот период често споделува мали моменти од неговиот живот, а неодамна Брус повторно беше фотографиран по повод голем семеен настан. Во август тој присуствуваше на свадбата на Талула и музичарот Џастин Аси во Ајдахо, каде што беше снимен во друштво на ќерка му и нејзиниот сопруг.

Талула и Аси се венчаа на 8 август во дворот на семејниот дом во Хејли, Ајдахо. За свадбата Талула носеше специјално изработена венчаница од „Баленсијага“, за која биле потребни дури 712 часа работа.

Брус има три ќерки со поранешната сопруга Деми Мур – Румер, Скаут и Талула – и уште две ќерки, Мејбл и Евелин, со сопругата Ема Хеминг Вилис. Семејството остана блиско и откако неговото здравје се влоши, а неговите најблиски продолжуваат да го штитат од медиумското внимание.

Поврзани содржини